Антологија на античко-македонска поезија, Приредила и превела: д-р Марија Емилија Кукубајска
Author(s)
Kukubajska, Marija EmilijaKeywords
Art (arts, history of arts, performing arts, music)History and archaeology
Languages and literature
Other humanities
Philosophy, ethics and religion
Full record
Show full item recordAbstract
Светската историја на култури, цивилизации и литератури чува огромен број податоци кои се идентификуваат во одбрана на македонскиот етнички идентитет и име. Тие податоци стануваат посебно валидни сега, кога т.н. надисториски агенди на мултикултурализам промовираат ослободување од монополот на една држава и народ врз друг, при што неминовно се актуализира и контрадикторниот и хипокритичен случај на грчката антиетничка, антиетичка, антимакедонска пропаганда. Феноменалниот фонд на постоечки научни, културни, историски и уметнички факти за посебноста на македонскиот негрчки идентитет може да се разгледува и преку новиот лексикон и пракса - агенси за промени. Агенсите за промени во јазикот и акциите на новото време имаат улога да активираат коригирање на неправдата. Улогата на овој процес се промовира во последните неколку децении и притоа правото на таквите промени конструира и пропишува слободи за градење на едно претпоставено непристрасно, објективно ново светско толкување на наследството, менаџирање на сегашноста и проекција на иднината. Дел од тоа светско културно наследство, секако, го имаат зачувано и античко-македонските поети кои се издвоени за оваа Антологија, посебно поради фактот што тие македонски автори на своето творештво се потпишале, се идентификувале дека се носители на правото да ги препознаваме и толкуваме такви какви што се: македонски, негрчки поети со етнонимот „Македонецот“ (пр: Филип Македонецот, Адеј Македонецот) или референцата со името на својата татковина (Антифан од Македонија, Парменион од Македонија). Други поети го потенцирале градот, топонимот од каде што потекнувале: Македониј од Тесалоника, Антипатер од Тесалоника, Исидор од Егеј, Зоил од Амфипол и други. Во македонскиот превод се вклучени и песни напишани од други македонски поети или од автори припадници на други народи во кои се опеани делови од Македонија (градови, области, планини). Поради нивниот предмет на опишување на етничка и географска Македонија, која во тој период од историјата, сè до 1913 година, не била окупирана и етнички чистена од Грција, и тие автори се опфатени во македонската антологијата. Своето македонство поетите го декларирале во историски периоди кога грчки, римски, еврејски и други водечки историографи и библиографи ги запишувале своите оригинални наоди за посебноста на македонскиот народ и неговите докажани, целосни разлики од хеленските племиња. Во одбрана на овие тврдења, преведувањето и издавањето на Антологијата на античко-македонски поети на македонски јазик ги вклучува и таквите автентични историски податоци кои многу јасно и непобитно ги опишуваат разликите меѓу македонскиот и грчкиот етнички, а според тоа и културен и јазичен идентитет. Изборот од 11 античко-македонски поети преведени на стандардизиран современ македонски јазик содржи самопотврдувачки факт за идентитетот на поетите како македонски, а тоа претставува и доказ дека македонското античко книжевно наследство било спакувано под туѓо име, како грчка поезија, објавено во „Грчката антологија“ / “The Greek Anthology” (Patton,1920), од која се препознаени и издвоени по својот самоопределен идентитет, македонски, или од Македонија. Антологијата на античко-македонска поезија претставува наследство од минатото на македонската духовна култура кое било затворено во намерно погрешно спакувана обвивка со назив „грчки поети“. Денешните светски тенденции за промени на светската заедница, а со тоа и на нас во Македонија, ни ја даваат непристрасната слобода да го ослободиме тоа наследство од плагијатот „грчки поети“, за научно-стручната јавност да има можност да го доистражува, дообјаснува и издвојува идентитетот на овие книжевно-историски факти од она што е фалсификат или фикција. За научната потврда на идентитетот на овие македонски поети, македонската култура и литература имаат право да ја користат универзалната и исконска, а едновремено и современа можност за рамноправно да го вклучат во светските текови и сопствениот, фактички агенс за промени. Агенсот за промени не е ништо новоизмислено од постмодернизмот и глобализмот, туку значи нова употреба на старото право да се промени една неодржлива состојба во друга, оправдана и одржлива. Тоа се сведува на правото на македонските автори на песните себеси да се претставуваат одново во сопствените, оригинални македонски имиња, да ја променат промената извршена над нивниот идентитет и да го вратат сопствениот идентитет во оригиналната суштина, според која се потпишувале како македонски поети во текот на нивниот живот и творештво кое се одвивало од IV век пред Христа до првите четири века од новата ера. Тоа е истата таа рамноправност во вршење на промени и поправки на одредени историски грешки кои биле насилно извршувани низ историјата на народите. Таа иста рамноправност ја вокализираат и локализираат и Македонците од Македонија да идентификуваат и да ги наречат своите поети македонски.Date
2015-05Type
BookIdentifier
oai:eprints.ugd.edu.mk:13266http://eprints.ugd.edu.mk/13266/1/Poezija%20antologija.pdf
Kukubajska, Marija Emilija (2015) Антологија на античко-македонска поезија, Приредила и превела: д-р Марија Емилија Кукубајска. Емари институт, Штип. ISBN 978-608-4726-14-2